1. Затоа, свети браќа, вие кои учествувате во небесното призвание, насочете ги вашите мисли кон Исуса, Апостолот и Првосвештеникот на нашето исповедување,
2. Кој Му е верен на Оној, Кој Го поставил, како што беше и Мојсеј во целиот Негов дом.
3. Зашто Овој е удостоен со поголема слава од Мојсеја, како што поголема чест има од куќата оној кој ја изградил.
4. Зашто, секоја куќа некој ја гради; а Бог изградил сè.
5. Навистина, и Мојсеј беше верен во целиот Негов дом како слуга, за да посведочи за она што имаше да се каже,
6. а Христос како Син е над Својот дом; а ние сме Негов дом, ако ги запазиме смелоста и радоста на нашата надеж.
7. Затоа како што вели Светиот Дух: „Денес ако го чуете Неговиот глас,
8. не закорувајте ги вашите срца, како при огорчувањето во денот на искушувањето во пустината,
9. каде вашите татковци се обидоа да Ме искушуваат, и ги видоа Моите дела четириесет години.
10. Затоа се расрдив на тоа поколение и реков: секогаш скитаат во срцето, не ги познаа Моите патишта;
11. така што се заколнав во Својот гнев: нема да влезат во Мојата починка.”