12. затоа и Исус, за да го освети народот преку Својата крв, пострада надвор од градската порта.
13. И така, да појдеме кон Него, надвор од станот, носејќи ја Неговата мака,
14. зашто тука немаме траен град, туку го бараме идниот.
15. И така, преку Него да Му принесуваме постојано на Бога пофална жртва, односно: плод на усните, кои го исповедуваат Неговото име.
16. А не заборавајте ги: добротворството и делењето со другите, зашто со такви жртви Му се угодува на Бога!