29. И најдов дека го обвинуваат заради спорни прашања на нивниот Закон, но дека нема никаква вина, која заслужува смрт или окови.
30. А кога ме известија дека се подготвува напад против овој човек, веднаш го испратив при тебе и обвинителите ги упатив да кажат, пред тебе, што имаат против него. Биди здрав!”
31. Тогаш војниците го зедоа Павла, според дадената им заповед, и го одведоа ноќе во Антипатрида;
32. а утреден ги оставија коњаниците да одат со него, а тие се вратија во тврдината.
33. А кога влегоа во Ќесарија, му го врачија писмото на управителот и му го претставија и Павла.
34. А кога го прочита писмото, го праша од која област е, и научи дека е од Киликија;
35. му рече: „Ќе те ислушам кога ќе дојдат и твоите обвинители. „ И заповеда да го чуваат во Иродовата преторија.