1. Во Ќесарија беше некој човек, по име Корнелиј, стотник во таканаречениот Италиски полк;
2. беше побожен и богобојазлив со сиот свој дом; кој му даваше многу милостини на народот и Му се молеше на Бога постојано.
3. Околу деветтиот час на денот, виде јасно во видение Божји ангел, како доаѓа при него и му рече: „Корнелиј!”
4. А тој погледна во него и исплашен рече: „Што е, Господи?” Му рече: „Твоите молитви и твоите милостини се воздигнаа до Бога и Тој си спомнува за нив.
5. И сега, испрати луѓе во Јопија и повикај некој Симон, кој се вика Петар.
6. Тој му е гостин на некој Симон, кожар, чија куќа е покрај морето; тој ќе ти каже што треба да направиш.”
7. И кога си отиде ангелот, кој му зборуваше, повика двајца свои слуги и еден побожен војник, од оние, кои беа постојано покрај него,
8. и им кажа сè и ги испрати во Јопија.
9. А утреден, додека тие патуваа и наближуваа до градот, Петар излезе околу шестиот час, се качи на покривот на куќата, да се помоли.
10. Огладне и посака да јаде; и додека му приготвуваа јадење, тој имаше видение: